Апел
Поради честата појава граѓаните при изведба на градежни активности во своите домови градежниот шут да го оставаат во контејнерите за комунален смет, Ве известуваме дека контејнерите поставени по градските улици се наменети само за складирање на комунален смет, а возилата со кои се собира комуналниот смет не се наменети за собирање на градежен шут (собирањето на градежен шут со овие возила предизвикува чести дефекти кај возилата и ја намалува ефективноста на службата).
Затоа Ве замолуваме, по изведба на било каква градежна активност градежниот шут да го носите на депонијата за градежен шут која се наоѓа на ул. Благој Ѓорев во н. Тунел, и која е наменета за складирање на овој тип на отпад. Со ова ќе дадете свој допринос за почист и поуреден изглед на нашиот град.
Однапред благодариме.