06.09.2018
Во склоп на своите редовни работни активности, на ден 06.09.2018 година, Сектор Комунална хигиена, односно одделението Јавна комунална хигиена изврши метење на следните улици: 8 Септември, Страшо Пинџур, Гоце Делчев, Петре Прличко, уреден простор Народна кујна, Нада Бутникошарева, Благој Ѓорев (од почеток до пат за филтерна станица), Алексо Демниев, паркинг простор кај градски пазар (горен дел), Браќа Капчеви, паркинг простор на ул. Оливер Китановски, Никола Карев, Христо Татарчев, комплекс УЗУС и Индустриска.
Сектор Паркови, покрај редовните работни активности, во текот на денешниот ден работеа на косење на неорганизирано зеленило и трева на кејот од р. Вардар кај Мало мовче, во Градскиот парк и во паркот пред гимназијата Кочо Рацин. Овој сектор исто така работеше и на поставување на систем за наводнување на новоформирана зелена површина на ул. Методија Андонов – Ченто.