07.09.2018
Во склоп на своите редовни работни активности, на ден 07.09.2018 година, Сектор Комунална хигиена, односно одделението Јавна комунална хигиена изврши метење на следните улици: 8 Септември, Страшо Пинџур, Гоце Делчев, уреден простор Народна кујна, Нада Бутникошарева, Благој Ѓорев (од почеток до пат за филтерна станица), паркинг простор кај градски пазар (горен дел), Мало мовче, Стар мост, мост Гемиџии, Петре Прличко, Браќа Капчеви, дел од Луј Пастер, Борис Трајковски, Лазо Осмаков, како и собирање на растителен отпад на повеќе локации во градот.
Сектор Паркови, покрај редовните работни активности, во текот на денешниот ден работеа на косење на неорганизирано зеленило и трева во паркот кај средното економско училиште, на ул. Алексо Демниев, на зелена површина кај Градскиот саат, и кај скалите од бензиската станица на Лукопил до Спомен костурницата. Овој сектор исто така работеше и на чистење на детското игралиште во н. Тунел.