Известување 14.10.2010
И покрај напорите на РЕ Паркови и зеленило да го разубави градот преку повеќенеделната акција за обновување на цветните жардињери на повеќе локации во градот која е во тек, за жал, несовесни граѓани ги крадат свежо засадените цвеќиња.
Ова е редовна појава со која ЈКП Дервен се соочува со години наназад.Веќе станува редовна пракса новонасадените дрвца и цвеќе да се крадат од зелените и цветните површини во градот и истите да завршуваат во приватни дворови и жардињери. Доколку нашите сограѓани сакаат да живеат во убаво уреден град мора да покажат поголемо внимание кон зеленилото и да го чуваат наместо да го уништуваат.
Поради редовните кражби на цвеќе, РЕ Паркови изеленило секоја сезона садат садници по два до три пати што за теренците значи неколкукратно повторување на активностите а на претпријатието и локалната самоуправа им нанесува големи финансиски загуби.
Апелираме до граѓаните во иднина да покажат повеќе свест и грижа за зеленилото со што ќе допринесат градот во кој сите живееме да биде поубав и поцветен.