16.08.2018
Во склоп на своите редовни работни активности, на ден 16.08.2018 година, Сектор Комунална хигиена, односно одделението Јавна комунална хигиена изврши метење на следните улици: 8 Септември, Страшо Пинџур, Гоце Делчев, Илинденска, уреден простор Народна кујна, паркинг простор кај Градски пазар (горен дел), на ул. Благој Ѓорев (од почеток до касарна) и ул. Нада Бутникошарева.
Сектор Паркови, покрај редовните работни активности, во текот на денешниот ден работеа на косење на неорганизирано зеленило и трева на ул. 11 Октомври, ул. Индустриска, во Градскиот парк, на трибините и околу атлетската патека на фудбалскиот стадион во Градскиот парк, на ул. Благој Ѓорев, кај автобуската станица и на ул. Димитар Влахов. Вработените од овој сектор работеа и на чистење на ситни отпадоци со помош на смукалка по патеките на паркот пред училиштето Васил Главинов, паркот пред Гимназијата Кочо Рацин, Младинскиот парк и долж улицата Благој Ѓорев.