ДОМА / Сектори / Паркови / Паркови и зеленило

Паркови и зеленило

Image Five

Работна единица Паркови и зеленило

Р.Е. Паркови и зеленило

Основни дејности на Р.Е. Паркови и зеленило се:

  • Подигнување, уредување и одржување на парковите во градот;
  • Подигнување, уредување и одржување на скверовите во градот;
  • Подигнување, уредување и одржување на дрворедите во градот;
  • Уредување и озеленување на жардењери и нивно одржување;
  • Уредување на парковите со парковски елементи и нивно одржување;
  • Уредување и одржување на патеки, мостови и друго во парковски површини;
  • Одржување на историски спомен одбележја на подрачјето на градот;

Начинот и интензитетот на одржувањето се менливи елементи и се во функција од климатските услови, потребите на градот, структурата на зеленилото, неговата распространетост, техничко технолошкиот развој на струката, расположивите финансиски средства и друго.

Во склоп на РЕ “Паркови и зеленило” се врши и производство на цветен расад за потребите на цветните површини во градот како и дошколување на зимзелен и листопаден материјал и давање на сите други услуги кои произлегуваат од областа на хортикултурната и пејсажната структура, а во врска со одржувањето на зеленилото и парковите.
Исто така оваа Р.Е. врши одржување и подигање на зеленило и за потребите на објектите на ЈКП ДЕРВЕН како што се: првите заштитни зони околу бунарите, фабриката за вода, депонијата за смет и хортикултурно уредување на просторот на новите градски гробишта.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *