ДОМА / Сектори / Водовод / Сектор Водовод

Сектор Водовод

Сектор Водовод

Водоснабдување

Задача

Основна задача при извршување на оваа дејност е да се обезбеди квалитетно водоснабдување согласно законските прописи, под што се подразбира корисниците да имаат здрава и чиста вода за пиење со соодветен квалитет и притисок, континуирано во текот на целата година.
Претпријатието исто така обезбедува и вода за јавните потреби во градот, како што се наводнување на зелените површини, перење на улиците, градските фонтани, јавни чешми и друго.

Постоечка инфраструктура

Зафаќањето, доведувањето, преработката и дистрибуцијата на вода до потрошувачите се врши преку дистрибутивен систем кој се состои од следните делови:

  • директно зафаќање на сурова вода од акумулацијата „Лисиче“;
  • доводен цевковод од зафатот до постројката за преработка на вода со дијаметар од 1000 и 700мм и со должина од 21,5 км;
  • постројка за преработка на вода со капацитет од 500 l/s;
  • лабораторија за следење на квалитетот на водата;
  • водоводни линии со вкупна должина од 94.874м изведени од различни видови на  материјал;
  • 5 препумпни станици
  • 12 резервоари со капацитет од 7.760 m3
  • број на водомери: 17.021
  • работилница за поправка и баждарење на водомери

Количина на преработена и дистрибуирана вода 

Во 2017 година произведени се 5.107.015м3 вода за пиење,  од кои за претпријатија и установи 444.350м3, а за домаќинства 1.966.977м3 вода.

Технолошкиот процес за преработка на водата е сложен процес и опфаќа повеќе фази кои се управуваат и контролираат со постојан мониторинг и архивирање на податоците автоматски преку SCADA систем (Supervisory Control and Data Acquisition). SCADA системот е воведен и кај дистрибутивниот систем (резервоарите) во градот. SCADA системот за процесот на преработка на вода и SCADA системот за дистрибутивниот систем се управуваат од контролниот центар сместен во фабриката за преработка на вода, со што се овозможува автоматско и синхронизирано управување со целокупниот водоснабдителен систем во градоти приградските населби.

Согласно  Законот за безбедност на храната, во фабриката за преработка на вода имплементирани се процедурите базирани на НАССР принципите и се применува системот за проценка за ризикот на критичните контролни точки. Со имплементацијата на НАССР системот се овозможува производство на здравствено-хигиенски безбедна вода за пиење.

За непрекинат 24 часовен мониторинг на квалитетот на водата за пиење која се пласира од фабриката за преработка на вода до крајните корисници, фабриката располага со сопствена лабораторија која е овластена за вршење на физичко-хемиски анализи. Во лабораторијата квалитетот на водата се следи преку извршување на  физичко-хемиски анализи на суровата вода од хидросистемот Лисиче, физичко-хемиски анализи за моноторинг и управување со процесот на преработка на водата во фабриката,  анализи со кои се следи хигиенската исправност на водата за пиење на излез од фабриката и во градскиот дистрибутивен систем.

 

Канализација и отпадни води

Задача

Основна задача при извршување на оваа дејност е да се обезбеди современ начин на прифаќање и одведување на комуналните отпадни води од корисниците (домаќинства, институции и претпријатија) согласно меѓународните стандарди.

Постоечка инфраструктура

Одведувањето на отпадните фекални води во Велес се врши со канализационен систем (цевководи и шахти) кој се состои од:

  • канализациони линии со дијаметар од 150 до 600 mm изведени од различни материјали и старост, во должина од 50.830 m
  • 870 ревизиони шахти со различни димензии
  • број на приклучоци: 14.980

Количина на одведена вода

Во 2017 година низ канализационата мрежа што ја одржува ЈКП Дервен извршено е одведување на 2.193.663м3 отпадни фекални води од кои 1.771.438м3 од домаќинствата и 422.225м3 од правните лица. Со одведување на отпадните води не се опфатени населба Горно Оризари, дел од населба Превалец и дел од населба Речани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *