Р.Е. Водовод и канализација
Р.Е. Водовод и канализација
Водоснабдување
Задача
Основна задача при извршување на оваа дејност е да се обезбеди квалитетно водоснабдување согласно законските прописи под што се подразбира корисниците да имаат здрава и чиста вода за пиење со соодветен квалитет и притисок, континуирано во текот на целата година.
Исто така обезбедуваме и вода за јавните потреби во градот, како што се поливање на зелените површини, перење на улиците, фонтани и друго.
Постоечка инфраструктура
Зафаќањето, доведувањето, преработката и дистрибуцијата на вода до потрошувачите се врши преку дистрибутивен систем кој се состои од следните делови:
-
времен зафат на р. Тополка за директно зафаќање на вода од реката со капацитет од 300 l/s
-
доводен цевковод од зафатот до постројката за преработка на вода со дијаметар од 1000 и 700мм со дилжина од 19,6 км.
-
постројка за преработка на вода со капацитет од 300 l/s
-
водоводни линии со дијаметар од 1” до 1000 mm со вкупна должина 72,1 km и изведени од различни видови на материјал (пластични, салонитни, поцинкувани, лиено железни и челични)
-
13 бунари со капацитет од 5 до 40 l/s и 17 пумпни и препумпни станици со снага од 7,5 до 110 kW
-
8 резервоари со капацитет од 4.800 m3
-
број на приклучоци: 9.600, а број на водомери: 14.000
-
работилница за поправка и баждарење на водомери
-
приклучни линии за корисниците Ø ½ “ и ¾ “ со должина од 17.500m.
Количина на преработена и дистрибуирана вода
Во последните три години на корисниците испорачувано е просечно по 3.000.000 m3 вода годишно. Од тоа за домаќинствата по 2.100.000 m3 годишно, а за претпријатијата, институциите и училиштата по 900.000 m3 годишно.
Канализација и отпадни води
Задача
Основна задача при извршување на оваа дејност е да обезбедиме современ начин на прифаќање, одведување и пречистување на комуналните отпадни води од корисниците (домаќинства, институции и претпријатија) согласно меѓународните стандарди, а со тоа и давање придонес во заштита на водите на река Вардар, како и животната средина во целина.
Постоечка инфраструктура
Одведувањето на отпадните фекални води во Велес се врши со канализационен систем (цевководи и шахти) кој се состои од:
-
канализациони линии со дијаметар од 150 до 600 mm изведени од различни материјали и старост, во должина од 47,9 km
-
870 ревизиони шахти со различни димензии
-
број на приклучоци: 8.950
-
приклучни линии за корисниците Ø 100 – 150 mm, со должина од 13,3 km
Количина на одведена вода
Во последните три години одведувано е просечно по 2.800.000 m3 вода годишно, и тоа од домаќинствата по 1.980.000 m3 годишно, а за претпријатијата, институциите и училиштата по 820.000 m3 годишно.