За нас

Историјат

Претпријатието е основано со Одлука на Собранието на Општина Велес бр.08-5293 од 05.12.1989 година и е организирано како Јавно претпријатие за комунални дејности „Дервен“ – Велес и истото со Решение бр.1666/89 од 22.12.1989 година е регистрирано во Окружниот стопански суд Скопје.

Главни активности на ЈКП ДЕРВЕН

Јавното комунално претпријатие ДЕРВЕН – Велес е основано за вршење комунални дејности како дејности од јавен интерес на Општината Велес.

Согласно основачкиот акт и Статутот на претпријатието, главни активности на ЈКП Дервен се:

– Преработка на вода, дистрибуција на истата до корисниците и одржување на објектите и опремата од системот за водоснабдување.

– Прифаќање и одведување на фекалната вода и одржување на канализационата мрежа.

– Собирање, изнесување и депонирање на комунален и индустриски цврст отпад од станбени, деловни и индустриски објекти во сопственост на физички и правни лица.

– Чистење на јавни прометни површини.

– Управување со градските гробишта.

–  Одржување на градската депонија.

–  Одржување на депонијата за градежен шут.

– Уредување, одржување и подигнување на градско зеленило.

–  Организирање на пазари на мало.

–  Инженерство, техничко советување и изградба на објекти од нискоградба.

Опфатеност на населението со услуги

Со услугите кои ги дава ЈКП ДЕРВЕН опфатен е градот Велес со 48.000 жители, приградската населба Превалец и селата Горно Оризари и Башино Село кои имаат вкупно 3.000 жители. Вкупното население опфатено со услугите кои ги врши ЈКП ДЕРВЕН е 51.000 жители.

  • Опфатеност на населението со водоснабдувањеСо водоснабдување опфатен е градот Велес, приградската населба Превалец и село Горно Оризари. Вкупната опфатеност на населението во овие места со водоснабдување изнесува вкупно 99 %.
  • Опфатеност на населението со канализацијаСо услугите за одведување на отпадни води, т.е. со канализационен систем опфатен е само градот Велес и тоа со 97,5% од вкупниот број на жители.

Работни принципи

Во извршување на своите задачи и активности ЈКП ДЕРВЕН ги почитува следните принципи:

  • Задоволување на потребите и интересот на нашите потрошувачи. Наша крајна цел е тие да бидат задоволни од услугите што им ги даваме.
  • Превземање на сите неопходни мерки за заштита на животната средина, а со тоа и зачувување на природните ресурси.
  • Обезбедување на компетентна стручност и едукација на вработените, пред се на раководните структури.
  • Постигнување на што поголема економичност во работењето со максимално користење на постоечката опрема, механизација и работна рака.
  • Воспоставување на перманентна комуникација со корисниците и потполно разбирање за нивните предлози и сугестии.
  • Водење сметка за развој на претпријатието со дефинирање на вкупно потребните инвестиции како по вид, така и по приоритет.

Исто така, проверете

ПОЛИТИКА НА КВАЛИТЕТ

ЈКП Дервен е јавно комунално претпријатие кое се бави со низа комунални дејности што опфаќаат: …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *