ДОМА / Главно Мени / Организација / Фабрика за третман на вода за пиење

Фабрика за третман на вода за пиење

Фабрика за третман на вода за пиење

Фабриката за преработка на вода за пиење се снабдува со сирова вода од акумулацијата на хидросистемот “Лисиче”.  Истата започна со работа од 1991 год. со максимален капацитет од 300л/с, кој сега е зголемен на 500л/с. Во склоп на фабриката функционира и лабораторија за следење на квалитетот на водата. Водоводниот систем во градот се состои од дванаесет резервоари со капацитет од 7.760м3, водоводни линии со вкупна должина од 94.874м‘ изведени од различни видови на материјали, 5 препумпни станици и 17.021 водомери.

Доводниот цевковод од акумулацијата на хидросистемот „Лисиче“ со дијаметар од 1000 мм и 700 мм и со должина од 21.500 м е проектиран за капацитет од 600л/с.
Врз основа на претходно изнесените податоци предвидена е процесна линија која ги опфаќа следните елементи:

  • Систем за регулација на дотурот на сирова вода
  • Претходно озонирање со алтернатива од предхлорирање
  • Таложење со предходно дозирање на коагулациони и флокулациони средства
  • Меѓуфазно озонирање
  • Филтрација на брзи песочни филтри
  • Дезинфекција на водата со хлор во резервоарот за чиста вода
  • Систем за корекција на pH – вредноста
  • Завршно автоматско хлорирање во одводниот цевовод

Исто така, проверете

Р.Е. Пазари

Р.Е. Пазари Одржувањето и управувањето со пазарите на мало се врши преку работната единица "Пазари". …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *