ДОМА / Вести / Загубите на вода се помали

Загубите на вода се помали

За разлика од претходните години кога ЈКП Дервен имаше огромни загуби на вода, минатата година ги намали благодарение на реконструкцијата на застарената водоводна и канализациона мрежа.

Од кредитот земен од Европската банка за развој комуналното претпријатие потроши еден милион и сто илјади евра. Со тие пари  и со сопствени средства во периододт од 2002 до 2007 година Древен замени 9,6 километри секундарна водоводна инсталација и 1,2 километри канализациони цевки. Замената на старата дотраена водоводна и канализациона мрежа донесе позитивни резултати.

„Резултатите од овој зафат беа повеќе од добри, бидејќи со завршувањето на реконструкцијата на дел од секундарната водоводна мрежа  во рамки на МЕАП проектот, во 2006 година се забележа големо намалување на загубите на вода, од претходните просечни 55 проценти загуби на некаде околу 40", рече Тодорка Андреевска, портпарол на ЈКП Дервен. На намалувањето на загубите на вода големо влијание имале и двата новоизградени резервоари во близина на Спомен костурницата и во месноста Гумења, што претпријатието го чинеше дополнителни 700 илјади евра.

Во зависност од финансиските средства со кои располага Дервен и во иднина ќе продолжи со реконструкција на водоводната линија.

„Очекуваме загубите на вода и понатаму да се намалуваат , што пак допринесува за унапредување на животната средина, помала потреба од производство на вода, а со тоа и помали производни трошоци, рече Андреевска.

 Деновиве комуналните работници ја менуваат старата водоводна мрежа со нова на поголем реон во градот која ја опфаќа главната линија на улицата Васа Кошулчева и повеќе секундарни линии од овој реон.

   lisica.mk

Исто така, проверете

Голема летна акција за чистење на градот

Големата летна акција за чистење на градот во која учество зедоа вработените од сите сектори …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *