ДОМА / Вести / Заврши акцијата за чистење на Потокот

Заврши акцијата за чистење на Потокот

Денеска, на 27.04.2010 заврши неколкудневната акција за чистење на 300 метра од отворениот канал на улица Јане Сандански, наречен Потокот . При акцијата, работниот тим од РЕ Комунална хигиена рачно и механички го отстрани диво изникнатото зеленило и насобраниот комунален смет што несовесни граѓани го фрлале во каналот. Потоа, каналот беше испран со цел да се отстрани наталожениот муљ.

Апелираме до граѓаните од ул. Јане Сандански да допринесат за зачувувањето на здравата животна средина со тоа што нема да го фрлаат сметот од домаќинствата во каналот туку на одредените места од каде екипи на ЈКП Дервен редовно го собираат.

Исто така, проверете

Нова смукалка за градските паркови

ЈКП Дервен денеска набави специјална машина за собирање на лисја, наменета за употреба по јавните …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *