ДОМА / Вести / Обновување на зеленилото во центарот на градот

Обновување на зеленилото во центарот на градот

РЕ Паркови и зеленило деновиве работи на сезонско обновување на зеленилото и цветниот расад кај кружниот тек околу споменикот на велешките илинденци во центарот на градот. Оваа година ќе се врши потемелно обновување во однос на изминатите години, и во текот на оваа повеќедневна акција ќе биде отстранета веќе неплодната и неквалитетна земја, по што ќе биде отстранет постоечкиот асфалт под земјата за да се овозможи поставување на дренажа. Потоа ќе се нанесе слој нова, плодна земја и ќе се засади нов цветен расад.

Оваа акција е потпомогната од страна на локалната самоуправа, од каде беа обезбедени финансиски средства за близу 200 садници цвеќе. ЈКП Дервен е изведувач на сите работни активности, вклучувајќи организација, работна рака и механизација.  Акцијата се врши претежно во ноќните часови кога сообраќајот е помалку фреквентен,  а вработените работат во две смени за работните активности да се завршат во најкраток можен рок.

 

Исто така, проверете

Нова смукалка за градските паркови

ЈКП Дервен денеска набави специјална машина за собирање на лисја, наменета за употреба по јавните …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *