ДОМА / Вести / ЈКП Дервен го разубавува градот

ЈКП Дервен го разубавува градот

Напоредно со редовните работни активности за озеленување и чистење на градот, во пресрет на културната манифестација „Рацинови средби“, ЈКП Дервен и локалната самоуправа работат забрзано на разубавување на градот.

РЕ Паркови и зеленило започна со работни активности на уредување на жардињерата пред гимназијата Кочо Рацин за чија изведба финансиски средства обезбеди локалната самоуправа на општина Велес. Со помош на работниците од РЕ Водовод се поставува дренажа, плодна земја и систем за полевање, а жардињерата се украсува со нов цветен расад.

Работни тимови од РЕ Паркови и зеленило и РЕ Комунална хигиена ја косат тревата и го чистат теренот околу Спомен костурницата во нашиот град.

Како дел од активностите во склоп на редовната работна програма на ЈКП Дервен деновиве е косење на тревата на повеќе локации низ градот. Брзиот раст на тревата е резултат на обилните дождови и високата влажност на воздухот, па вработените од оваа единица работат во две работни смени за да успеат да го задржат уредниот изглед на зелените места во градот.Се косат тревните површини по ул. Ленинова, ул. Панко Брашнар, ул. Живко Фирфов и др., по што отсечениот материјал се отстранува и носи на депонија. Потоа акцијата ќе продолжи и на други локации во градот.

Во тек е и сезонското обновување на зеленилото и цветниот расад кај кружниот тек околу споменикот на велешките илинденци во центарот на градот. Оваа година ќе се врши потемелно обновување во однос на изминатите години, и во текот на оваа повеќедневна акција ќе биде отстранета веќе неплодната и неквалитетна земја, по што ќе биде отстранет постоечкиот асфалт под земјата за да се овозможи поставување на дренажа. Потоа ќе се нанесе слој нова, плодна земја и ќе се засади нов цветен расад.

{yoogallery src=[/images/stories/parkovi/]}

Исто така, проверете

Голема летна акција за чистење на градот

Големата летна акција за чистење на градот во која учество зедоа вработените од сите сектори …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *