ДОМА / ИЗВЕСТУВАЊА / Известување 14.10.2010

Известување 14.10.2010

И покрај напорите на РЕ Паркови и зеленило да го разубави градот преку повеќенеделната акција за обновување на цветните жардињери на повеќе локации во градот која е во тек, за жал, несовесни граѓани ги крадат свежо засадените цвеќиња.

Ова е редовна појава со која ЈКП Дервен се соочува со години наназад.Веќе станува редовна пракса новонасадените дрвца и цвеќе да се крадат од зелените и цветните површини во градот и истите да завршуваат во приватни дворови и жардињери. Доколку нашите сограѓани сакаат да живеат во убаво уреден град мора да покажат поголемо внимание кон зеленилото и да го чуваат наместо да го уништуваат.

Поради редовните кражби на цвеќе, РЕ Паркови изеленило секоја сезона садат садници по два до три пати што за теренците значи неколкукратно повторување на активностите а на претпријатието и локалната самоуправа им нанесува големи финансиски загуби.

Апелираме до граѓаните во иднина да покажат повеќе свест и грижа за зеленилото со што ќе допринесат градот во кој сите живееме да биде поубав и поцветен.

Check Also

03.03.2011

Ги информираме граѓаните дека на 28.02.2011 година ЈКП Дервен започна со работните активности за чистење …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *