ДОМА / Вести / Известување 23.12.2010

Известување 23.12.2010

Во текот на денешниот ден РЕ Водовод и канализација ќе изведе промена на водоводна линија на ул. Тодор Јанев, поради што во периодот од 9:00 до 11:00 часот на дел од оваа улица ќе има прекин во водоснабдувањето.

Освен овие работни активности, РЕ Водовод и канализација денеска ќе работат и на отстранување на поголем дефект на канализациона линија на ул. Маршал Тито (во близина на „Чешелот“), со употреба на машинерија за одзатнување на линијата.

На барање на граѓаните, РЕ Паркови и зеленило ќе започне со кроење и сечење на деградирани и суви дрвја во градот. Активностите ќе започнат во 9:00 часот на ул. Марксова, наспроти главниот влез на ОУ „Васил Главинов“.

РЕ Комунална хигиена, по повод одржувањето на панихида за 108 годишнината од смртта на велешкиот револуционер Миле Поп Јорданов (25.12.2010), денеска ќе работи на чистење на пристапните патишта до црквата Св. Пантелејмон каде ќе се одржи панихидата, како и гробното место на Миле Поп Јорданов, каде ќе се одржи свечена литургија .

Исто така, проверете

Инвестициите на депонијата продолжуваат

Изминатиот период се изврши комплетно оградување на депонијата и поставување на систем за перење на …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *