ДОМА / Вести / ЈКП Дервен работи на реконструкција на Градскиот парк

ЈКП Дервен работи на реконструкција на Градскиот парк

Оваа пролет во Градскиот парк ќе се изврши првата поголема реконструкција и овој процес ќе има три фази.

Првата фаза е веќе во тек. Се врши длабока обработка на почвата како припрема за пролетно садење и уредување на паркот. Поради влезот на тешка механизација и возила во паркот што ги изнесуваа трупците и корените од старите деградирани дрвја кои во текот на есента и зимата беа исечени, површината на градскиот парк е набиена, и потребно е процесот на длабока обработка на земјиштето неколку пати да се повтори додека не биде соодветно за садење. Деновиве РЕ Паркови и зеленило работи и на расчистување на Градскиот парк од трупци и корења, деградирана жива ограда, и искршени клупи и корпи.

Во втората фаза ќе се изврши дефинирање и уредување на патеките во паркот како и сеење на трева по тревниците.

Во третата фаза ќе се започне со хортукултурно уредување на паркот.

Сите активности од процесот за заживување на градскиот парк ќе се извршуваат во временски период кога е најпогодно за правилен раст и развој на зеленилото, дрвјата и цвеќињата.

Освен овие активности може да се спомне и дека заврши садењето на розите од проектот „7000 рози за Велес“ на повеќе локации во градот, во кои спаѓа и Градскиот парк, рози кои експертите ги препорачаа, екологистите ги обезбедија, а велешани заедно со вработените од ЈКП Дервен ги засадија, а кои треба да ги извадат тешките метали од почвата во градот.

Исто така, проверете

Озеленување на градот

Деновиве РЕ Паркови и зеленило работи на хортикултурно уредување на повеќе локации во градот. Завршени …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *