ДОМА / Вести / Започна 2та фаза од реконструкцијата на Градскиот парк

Започна 2та фаза од реконструкцијата на Градскиот парк

Оваа пролет во градскиот парк се врши првата поголема реконструкција по 60 години од неговото постоење.

Откако беа отстранети старите, деградирани дрвја и неорганизирано зеленило од паркот и се изврши длабока обработка на земјиштето како подготовка за засадување, од денеска започна и 2та фаза од проектот. Работници од градежната компанија Изгрев инжинеринг работат на поставување ивичњаци на патеките во паркот, а истовремено, вработените од РЕ Паркови и зеленило работат на поставување на систем за наводнување долж патеките. По овие активности ќе следи сеење на трева по тревниците.

Како што јавноста веќе беше информирана, во 3та фаза од проектот ќе се изврши хортикултурно уредување на Градскиот парк. Сите активности од процесот за заживување на градскиот парк ќе се извршуваат во временски период кога е најпогодно за правилен раст и развој на зеленилото, дрвјата и цвеќињата, и во зависност од временските услови.

Исто така, проверете

Озеленување на градот

Деновиве РЕ Паркови и зеленило работи на хортикултурно уредување на повеќе локации во градот. Завршени …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *