ДОМА / Вести / Акција за собирање на габаритен отпад

Акција за собирање на габаритен отпад

Општина Велес и ЈКП „Дервен“ организираат „Пролетна акција за собирање на габаритен отпад“. Акцијата започнува во сабота,  на 14.05.2011, а ќе се одвива во периодот од 8 до 18 часот секоја сабота во текот на месеците мај и јуни. Доколку има потреба, акцијата ќе продолжува и во ден недела.

Оваа акција претставува одлична можност граѓаните да се ослободат од непотребните предмети во домаќинствата кои се премногу габаритни за да бидат фрлени во контејнерите за отпад.

Граѓаните ќе можат да го оставаат габаритниот отпад пред сопствените објекти (се разбира доколку просторот тоа го дозволува и тоа не го попречува сообраќајот), а во спротивен случај треба да ги почекаат возилата за собирање смет од ЈКП дервен и директно да го внесат отпадот во нив. За собирањето на овој вид отпад на граѓаните нема да им се наплатува.

Постојат ограничувања околу видот на отпад што може да се собира со оваа акција.

Граѓаните ќе можат да исфрлаат:

– делови од мебел, душеци, дрвена амбалажа, столарија без стакло, пластични сандаци и гајби, алати, стари велосипеди, пружини, радијатори и санитарии.

Во отпадот што ќе се собира не спаѓаат:

– електронски уреди: телевизори, компјутери и слично, електрични уреди, салонитни плочи, автомобилски и тракторски гуми, гранки и зеленило, било каков течен отпад и амбалажа од пестициди.

Акцијата ќе се изведува по реони, а граѓаните ќе бидат навремено известувани преку средствата за јавно информирање од кои улици ќе биде собиран габаритниот отпад во тековниот викенд.

Акцијата ќе започне со собирање на габаритниот отпад од улиците што се наоѓаат на левата страна од течението на реката Вардар, поточно од следните улици:

– Ганчо Хаџи Панзов,
– Родна Ивева,
– Орце Шутев,
– Ристо Најдов – Шајката,
– Јовче Ќучук,
– Славјанска,
– Богдан Каракостев,
– Благој Јосмов,
– Јован Наумов – Алабакот,
– Вера Циривири,
– Бошко Златанов,
– Киро Рогужаров,
– Петре Михов,
– Ѓорги Димитров,
– Иво Лола Рибар,
– Јане Сандански,
– Ѓорче Петров,
– Димитар Влахов,
– Петре Прличко,
– Маца Овчарова
– Киро Димов – витамин,
– Ордан Џинот,
– Боге Николов,
– Браќа Капчеви,
– Коле Цветков,
– Јовче Тикваров,
– Благој Кирков,
– Загребска,
– Прохор Пчински,
– Цветан Арсов,
– Славко Давчев,
– Стефан Богоев

и сите останати  улици кои гравитираат од лева страна по течението на реката Вардар.

Апелираме до граѓаните активно да се вклучат во акцијата и да ја искористат можноста да се ослободат од сите непотребни предмети од домаќинствата кои спаѓаат во габаритен отпад.

Заради олеснување на акцијата се молат граѓаните габаритниот отпад да го пријават во ЈКП „Дервен“ на контакт телефонот 233-768

Исто така, проверете

Озеленување на градот

Деновиве РЕ Паркови и зеленило работи на хортикултурно уредување на повеќе локации во градот. Завршени …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *