ДОМА / Вести / Озеленување на градот

Озеленување на градот

Деновиве РЕ Паркови и зеленило работи на хортикултурно уредување на повеќе локации во градот.

Завршени се активностите во централното градско подрачје. Пред Основниот суд во постоечките жардињери се изврши дотур на земја, беше поставен систем за полевање и се засади зеленило и цветен расад. Кај „Јаворот“ хортукултурно беа уредени жардињерите со засејување на тревен и цветен расад.

На ул. Димитар Влахов, откако беа формирани жардињери, ЈКП Дервен изврши дотур на земја, а деновиве таму ќе се засади и соодветен дендролошки и цветен материјал.

На ул. Благој Ѓорев се вршат припреми за започнување со засадување на нов, летен цветен расад на местото на пролетниот. Во шаренилото од цветови и зеленило се издигнуваат и липите што минатата пролет беа искроени од страна на стручни лица од ЈКП Дервен и кои одлично се вклопуваат во жардињерите што се протегаат долж главната улица, давајќи му живот и боја на градот.

Check Also

Акција за собирање на габаритен отпад

Општина Велес и ЈКП „Дервен“ организираат „Пролетна акција за собирање на габаритен отпад“. Акцијата започнува …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *