ДОМА / Вести / Собирање на габаритен отпад – 21.05.2011

Собирање на габаритен отпад – 21.05.2011

Акцијата за собирање на габаритен отпад што започна минатата сабота, на 14.05.2011 година продолжува и оваа сабота, 21.05.2011 година.

За потсетување, граѓаните ќе можат да го оставаат габаритниот отпад пред сопствените објекти (се разбира доколку просторот тоа го дозволува и тоа не го попречува сообраќајот), а во спротивен случај треба да ги почекаат возилата за собирање смет од ЈКП Дервен и директно да го внесат отпадот во нив. За собирањето на овој вид отпад на граѓаните нема да им се наплатува.

Постојат ограничувања околу видот на отпад што може да се собира со оваа акција.

Граѓаните ќе можат да исфрлаат:

– делови од мебел, душеци, дрвена амбалажа, столарија без стакло, пластични сандаци и гајби, алати, стари велосипеди, пружини, радијатори и санитарии.

Во отпадот што ќе се собира не спаѓаат:

– електронски уреди: телевизори, компјутери и слично, електрични уреди, салонитни плочи, автомобилски и тракторски гуми, гранки и зеленило, било каков течен отпад и амбалажа од пестициди.

Оваа сабота, со оглед на тоа што акцијата ќе се изведува по реони, габаритен отпад ќе се собира од следните улици:

Од месност долни дуќани:

  1.  Д.Најдов
  2. С.Јанакиевиќ
  3. Р. Жинзифов
  4. Кирил и Методиј
  5. Б.Леов
  6. К.Охридски
  7. С.Петков
  8. М.Горки
  9. П.Трајков – ракчето
  10. П.Гули
  11. М.Милевски
  12. Г.Прличев
  13. Т.Саздов
  14. Ј.Џипунов
  15. М.Страчков
  16. Игманска
  17. Д.Груев
  18. Љ.Весов
  19. М.Апостолски
  20. В.Шолјев
  21. Титоваужичка
  22. Пирин планина
  23. К.Марко
  24. Бр.Миладинови
  25. Бр.Поп-Јорданови
  26. К.Зафиров
  27. Цар Самоил
  28. К.Ј.Питу
  29. К.Рацин
  30. В.Назор
  31. К.Неделковски,

И други улици кои гравитираат од десната страна по течението на реката Вардар.

Апелираме до граѓаните активно да се вклучат во акцијата и да ја искористат можноста да се ослободат од сите непотребни предмети од домаќинствата кои спаѓаат во габаритен отпад.

Check Also

Акција за собирање на габаритен отпад

Општина Велес и ЈКП „Дервен“ организираат „Пролетна акција за собирање на габаритен отпад“. Акцијата започнува …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *