ДОМА / Главно Мени / За нас / ИСТОРИЈАТ

ИСТОРИЈАТ

ПОЛИТИКА НА КВАЛИТЕТ

ЈКП Дервен е јавно комунално претпријатие кое се бави со низа комунални дејности што опфаќаат: зафат, обработка и дистрибуција на вода за пиење, одведување на фекални води и одржување на уличната канализација, собирање и одведување на смет, подигање и одржување на градско зеленило, одржување на градските пазари, одржување на градските гробишта и други пропратни комунални дејности. Претпријатието претставува јавен сервис за граѓаните од општина Велес во областа на комуналните услуги. Работните задачи и деловниот успех на ЈКП Дервен се базираат на постигнувањето задоволство кај корисниците на нашите услуги преку обезбедување на редовни, континуирани, сигурни и квалитетни комунални услуги и постојано одржување на нивото на квалитет на истите. Ние настојуваме да го постигнеме и задржиме задоволството кај нашите корисници и преку примена на стандардите за квалитет како и почитувањето на релевантните законски прописи и норми. Политиката за квалитет се спроведува на тој начин што постојаното подобрување на квалитетот се состои во секој дел од нашите активности во рамки на услугите што ги обезбедуваме за нашите корисници.

Политиката за квалитет се темели на:

– задоволство кај корисниците на нашите услуги

– развој на кадрите преку дополнително образование, напредување, создавање на добри услови за работа, зголемување на мотивираноста и чувството на припадност во околината

– одговорност спрема заедницата со одговорен однос спрема природните ресурси и заштита на животната средина и здравјето на луѓето, почитување на законите, прописите и стандардите, отвореност кон јавноста, право на пристап до информации и етика во работењето

– политика за развој и инвестиции преку постојано вложување во развој и одржување на работните системи и опрема преку примена на современи технологии и решенија

Спроведувањето на политиката за квалитет и нејзиното континуирано подобрување е обврска на раководниот тим како и на сите вработени во ЈКП Дервен.

Исто така, проверете

ВИЗИЈА

ЈКП Дервен има визија да постигне статус на претпријатие од ранг на модерните европски претпријатија …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *