ДОМА / Вести / Украдени нови 15 садници од градскиот парк

Украдени нови 15 садници од градскиот парк

Откако пред два дена од страна на несовесни граѓани беа украдени 16 свежо засадени зимзелени садници од бор и туја од градскиот парк, високи по 2 метра, вчера од страна на несовесни граѓани беа украдени уште 15 садници на зимзелени дрвја.

Апелираме до граѓаните за повисока свест, затоа што во услови на голема загаденост на воздухот секоја мерка како што е засадување на дрвја, која ќе делува долгорочно на квалитетот на воздухот, треба да се поздрави, а не да се предизвикува штета.

Се молат граѓаните, доколку забележат дека некој краде садници од јавните зелени површини, истото да го пријават кај надлежните во Општина Велес или ЈКП Дервен.

Исто така, проверете

Нова смукалка за градските паркови

ЈКП Дервен денеска набави специјална машина за собирање на лисја, наменета за употреба по јавните …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *