ДОМА / ИЗВЕСТУВАЊА / Информација за честите дефекти на ул. Киро Ќучук, Гемиџиска, Васил Главинов, Мицко Козар и ул. Првомајска

Информација за честите дефекти на ул. Киро Ќучук, Гемиџиска, Васил Главинов, Мицко Козар и ул. Првомајска

ИНФОРМАЦИЈА

Почитувани,

Поради многуте реакции на наши сограѓани за честите прекини на водоснабдувањето на ул. Киро Ќучук, Гемиџиска, Васил Главинов, Мицко Козар и ул. Првомајска кои се случуваат веќе подолг временски период, во интерес граѓаните да бидат правилно информирани за реалната ситуација, а особено жителите на горенаведените улици, Ве информирам за следното:

При моето доаѓање на функција како Директор на ЈКП Дервен, бев запознат со проблемот со честите прекини на водоснабдувањето на ул.Киро Ќучук, Гемиџиска, Васил Главинов, Мицко Козар и ул. Првомајска.

Се работи за неколку проблеми поврзани со реконструкцијата на водоводните линии на наведените улици. Во врска со ова ги утврдив следните неправилности:

Реконструкцијата на водоводни линии во целиот реон во кој спаѓаат горенаведените улици била изведена од страна на изведувач ангажиран од страна на Министерството за транспорт и врски. За квалитетот на новите водоводни линии ЈКП Дервен не може да гарантира, затоа што се набавени и изработени од изведувачот ангажиран од страна на Министерството. Исто така, дел од приклучните линии од новите главни водоводни линии до дворовите на корисниците, во моментот кога ЈКП Дервен ги превземал, биле веќе поставени од страна на изведувачот, и веќе се случија неколку дефекти на истите.

ЈКП Дервен пак, додека изведувачот вршел реконструкцијата на линиите истовремено не работеле на изведба на приклучоците за домаќинствата, па дури откако линиите биле изведени и затрупани почнале да работат на приклучоците. Ова подразбира дека повторно се раскопувале улиците. И самото приклучување на домаќинствата било вршено неорганизирано, а не улица по улица. Заради неорганизираното работење на приклучоците, често била пуштана и запирана водата во старите водоводни линии (кои се азбест цементни) и тоа доведувало до чести дефекти на овие линии.

Недоработените приклучоци допринеле во моментов во функција да бидат и старите и новите водоводни линии. Сеуште има приклучоци што не се поврзани на новите линии, односно не биле претходно испланирани, и тие се наоѓаат на различни улици од реонот. Поради приклучување на заостанатите приклучоци (кои се моментално на старата линија) во наредниот период ќе има прекини на водоснабдувањето, односно, во наредниот период ЈКП Дервен мора повторно да ги раскопува улиците и во моментот на приклучување да го прекинува водоснабдувањето. За разлика од досега, ова ќе се врши улица по улица, за да не се повторат претходните грешки, и очекувам овие работни активности да завршат во најбрз можен рок.

Со почит,
Ѓорги Стојанов
ВД Директор
ЈКП Дервен – Велес

Исто така, проверете

“АКЦИЈА ЗА СОБИРАЊЕ ОТПАД ОД ЕЛЕКТРИЧНА И ЕЛЕКТРОНСКА ОПРЕМА“

Општина Велес, ЈКП Дервен и организацијата „Нула отпад Скопје“ организираат “АКЦИЈА ЗА СОБИРАЊЕ ОТПАД ОД …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *