ДОМА / Вести / Акција за собирање на габаритен отпад 2018

Акција за собирање на габаритен отпад 2018

 

Општина Велес и ЈКП „Дервен“ веќе осма година по ред организираат „Пролетна акција за собирање на габаритен отпад“. Акцијата е во тек и ќе трае до 15 Мај. Се молат граѓаните доколку имаат потреба за отстранување на габаритен отпад да се пријават на тел: (043) 233-768 во Сектор Комунална хигиена секој работен ден од понеделник до петок од 07.00 до 14.00 часот и во сабота од 07.00 до 12.00 часот, при што ќе договорат термин кога ЈКП Дервен да прати специјално возило и да го собере отпадот.
Во габаритен отпад спаѓаат: делови од мебел, душеци, дрвена амбалажа, столарија, пластични сандаци, гајби, алатки, стари велосипеди, пружини, радијатори и санитарии.

Услугата за собирање и транспортирање на габаритен отпад е бесплатна и претставува одлична можност граѓаните да се ослободат од непотребните предмети во домаќинствата кои се премногу габаритни за да бидат фрлени во контејнерите за отпад.

Исто така, проверете

Расчистување на улиците по невремето

По обилните дождови деновиве, вработените од Сектор Комунална хигиена работат на расчистување на наносите од …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *