24.07.2018

Во склоп на своите редовни работни активности, на ден 24.07.2018 година, Сектор Комунална хигиена, односно одделението Јавна комунална хигиена, изврши метење на следните улици: 8 Септември, Страшо Пинџур, Гоце Делчев, Илинденска, Благој Ѓорев (од пошта до касарна), Алексо Демниев (од пошта до Жито Вардар), Димитар Влахов, Петре Прличко, Нада Бутникошарова, Борис Трајковски, Комплекс УЗУС, уреден простор Народна кујна, паркинг пред градски пазар (горен дел), и 11 Октомври – пазарче.

Поради вчерашното невреме проследено со силен дожд, вработените од Секторот Комунална хигиена вчеравечер, во периодот од 21:00 до 24:00 часот, работеа на отстранување на поголемиот дел од наносите на земја и кал на следните улици: Благој Ѓорев, 8 Септември, Страшо Пинџур, Алексо Демниев, Благој Ѓорев, Борис Трајковски, Димитар Влахов и Петре Прличко, а во текот на денешниот ден беа исчистени и остатоците од наносите на овие локации.

Сектор Паркови, покрај редовните работни активности, денеска работеше на косење на трева кај влезот на град Велес до населба Превалец.

Исто така, проверете

06.09.2018

Во склоп на своите редовни работни активности, на ден 06.09.2018 година, Сектор Комунална хигиена, односно …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *