25.07.2018

Во склоп на своите редовни работни активности, на ден 25.07.2018 година, Сектор Комунална хигиена, односно одделението Јавна комунална хигиена изврши метење на следните улици: 8 Септември, Страшо Пинџур, Гоце Делчев, Илинденска, Алексо Демниев (од пошта до Жито Вардар), Благој Ѓорев (од пошта до касарна), АСНОМ (до надвозник кај Битолска пруга), Самоборска, Плоштад Којник, уреден простор Народна кујна, Христо Татарчев, Никола Карев, Петре Прличко, Димитар Влахов, Нада Бутникошарова, паркинг пред градски пазар (горен дел), 11 Октомври – пазарче, комплекс УЗУС и пешачки патеки кај е. Младост со летниковците.

Освен редовните работни активности, овој сектор работи и на собирање на остатоците од наноси на земја од невремето кое го зафати градот во понеделникот, како и на собирање гранки од индивидуални домаќинства на ул. Ѓорги Војтех, по претходно пријавување од страна на граѓаните.

Сектор Паркови, покрај редовните работни активности, во текот на денешниот ден работеа на косење на неорганизирано зеленило и трева долж улица Васил Ѓоргов (кривините до плоштад Којник), кроење на деградирани гранки и косење на трева во паркот пред Општина Велес и паркот пред училиштето Васил Главинов, како и чистење на ситни отпадоци долж улица Благој Ѓорев.

Исто така, проверете

06.09.2018

Во склоп на своите редовни работни активности, на ден 06.09.2018 година, Сектор Комунална хигиена, односно …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *