ДОМА / ИЗВЕСТУВАЊА / ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

 

Врз основа на член 22 и 23 од Законот за работните односи (“Сл.Весник на РМ” бр.62/2008, 106/2008, 161/2008, 114/2009….27/2016 и 120/2018) член 37-и од Законот за јавните претпријатија (“Сл.Весник на РМ бр.38/1996, 6/2002, 40/2003….39/2016 и 64/2018”) и член 9 и член 10 од Колективниот договор на ЈКП ДЕРВЕН Велес, Директорот на претпијатието

Ј А В Е Н   О Г Л А С

За вработување на даватели на услуги и помошно-технички лица на неопределено работно време во ЈКП ДЕРВЕН Велес

Член 1

Директорот на ЈКП ДЕРВЕН Велес донесе Одлука за вработување на даватели на услуги и помошно технички лица на неопределено работно време за следниве работни места:

  1. Инкасант наплатувач во Одделение Пазари со шифра КДР 03 05 Б04 101 – (1) извршител
    • ССС
    • Без работно искуство
  1. Продавач на погребална опрема во Сектор Комунална хигиена – Одделение Гробишта  со шифра КДР 03 05 Б04 039- (1) извршител
    • ССС
    • Без работно искуство
  1. Општ работник во Сектор комунална хигиена / Одделение за износ на смет – Оддел за складирање и третман на отпад со шифра КДР 03 05 В02 031– (3) извршители
    • Основно образование
    • Без работно искуство
  1. Возач на трактор во Сектор комунална хигиена-Одделение за јавна хигиена со шифра КДР 03 05 Б03 020– (1) извршител
    • ССС
    • Возачка дозвола Б/Ц категорија
    • 1 година работно искуство
  1. Возач на трактор во Сектор комунална хигиена-Одделение за износ на смет со шифра КДР 03 05 Б03 020 – (1) извршител
    • ССС
    • Возачка дозвола Б/Ц категорија
    • 1 година работно искуство
  1. Механичар во Сектор комунална хигиена/ Одделение за износ на смет-Оддел автомеханичарска работилница со шифра КДР 04 01 А02 035 – (1) извршител
    • ССС -автомеханичар, машинско, електро (III-степен)
    • 1 година работно искуство
  1. Перач на улици во Сектор комунална хигиена-Одделение за јавна хигиена со шифра КДР 03 05 В02 003 – (2) извршители
    • Основно образование
    • Без работно искуство
  1. Возач на специјално возило во Сектор комунална хигиена-Одделение за износ на смет со шифра КДР 03 05 Б03 005 – (2) извршители
    • ССС
    • Возачка дозвола Ц/Д категорија
    • 1 година работно искуство
  1. Работник за утовар на ѓубре во Сектор комунална хигиена-Одделение за износ на смет со шифра КДР 03 05 В02 002 – (3) извршители
    • Основно образование
    • Без работно искуство
  1. Општ работник во Сектор комунална хигиена-Одделение за јавна хигиена со шифра КДР 03 05 В02 031– (2) извршители
    • Основно образование
    • Без работно искуство
  1. Општ работник во Сектор Водовод и канализација / Одделение за дистрибуција и одвод-Оддел за одржување со шифра КДР 04 01 А03 012 – (2) извршители
    • Основно образование
    • Без работно искуство
  1. Општ работник во Сектор Водовод и канализација / Одделение за дистрибуција и одвод-Оддел канализација со шифра КДР 04 01 А03 012 – (1) извршител
    • Основно образование
    • Без работно искуство

Член 2

За пополнување на работно место, кандидатот треба да ги исполни следниве општи услови:
– да е државјанин на Република Македонија,
– активно да го користи македонскиот јазик,
– да е полнолетен,
– да има општа здравствена способност за работното место (лекарска потврда) и
– со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.( потврда од Основен суд Велес)

Покрај општите услови за пополнување на работно место од ставот (1) на овој член, кандидатот треба да ги исполни следниве посебни услови:
– да има соодветни стручни квалификации потребни за работното место,
– да има соодветно работно искуство потребно за работното место и
– да поседува соодветни посебни работни компетенции потребни за работното место.

Член 3

Огласот за вработување ќе трае 15 дена од денот на неговото објавување во дневните весници (Нова Македонија и Коха) на ден 31.07.2018 год. Селекцијата на кандидатите ќе се врши во спроведена постапка на интервју. Кандидатите ќе бидат повикани на интервју во рок од 5 (пет) дена по завршувањето на јавниот конкурс.

 Директор

ЈКП ДЕРВЕН Велес

 Дипл.економист Ѓорѓи Стојанов

 

НАПОМЕНА: Се молат сите заинтересирани за пријавување по огласот потребните документи за ги достават до архивата на претпријатието.

 

Исто така, проверете

06.09.2018

Во склоп на своите редовни работни активности, на ден 06.09.2018 година, Сектор Комунална хигиена, односно …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *