10.08.2018

Во склоп на своите редовни работни активности, на ден 10.08.2018 година, Сектор Комунална хигиена, односно одделението Јавна комунална хигиена изврши метење на следните улици: 8 Септември, Страшо Пинџур, Гоце Делчев, Илинденска, Борис Трајковски, Благој Ѓорев (од почеток до касарна), Петре Прличко и Димитар Влахов.

Сектор Паркови, покрај редовните работни активности, во текот на денешниот ден работеа на косење на неорганизирано зеленило и трева во Младинскиот парк и долж ул. Андон Шурков, и кроење на чемпреси на ул. Алексо Демниев и жива ограда во паркот пред Општина Велес. Вработените од овој сектор работеа и на чистење на ситни отпадоци со помош на смукалка по патеките на паркот пред училиштето Васил Главинов, паркот пред Гимназијата Кочо Рацин, Младинскиот парк и долж улицата Благој Ѓорев, како и чистење на ситни отпадоци со помош на дувалка во Младинскиот парк.

Сектор Паркови отстрани паднати гранки од вчерашното невреме во дворот на градинката на ул. Коле Цветков и паднато дрво кај гробиштата на црквата Св Спас.

Исто така, проверете

06.09.2018

Во склоп на своите редовни работни активности, на ден 06.09.2018 година, Сектор Комунална хигиена, односно …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *