ДОМА / Вести / Голема летна акција за чистење на градот

Голема летна акција за чистење на градот

Големата летна акција за чистење на градот во која учество зедоа вработените од сите сектори на ЈКП Дервен беше денеска успешно спроведена.

Се чистеше на следните локации:  ул. 11 Октомври со детско игралиште и околу кошаркарското игралиште зад продавницата на Симпо, ул. Петре Прличко со дворно место на зградите пред стариот театар и зад универзитетот Благој Страчковски, паркинг кај бифе скара Пармак, паркинг Петре Прличко-Стар мост, ул. Нада Бутникошарева со паркинг на Градски пазар (горен дел), кејот на р. Вардар (двете страни)    и темелно чистење на Градскиот парк. Исто така, во склоп на оваа акција се изврши косење на неорганизирано зеленило на паркингот кај бифе скара Пармак и паркинг Петре Прличко-Стар мост.

Во акцијата беше собрано околу 70м3 отпад.

 

Исто така, проверете

Електронско плаќање и проверка на сметки за комунални услуги

ЈКП ДЕРВЕН – Велес ги информира сите граѓани дека од денес 13.08.2018 година, како наши …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *