20.08.2018

Во склоп на своите редовни работни активности, на ден 20.08.2018 година, Сектор Комунална хигиена, односно одделението Јавна комунална хигиена изврши метење на следните улици: 8 Септември, Страшо Пинџур, Гоце Делчев, Илинденска, уреден простор Народна кујна, паркинг простор кај Градски пазар (горен дел), Нада Бутникошарева, Петре Прличко, Димитар Влахов, Алексо Демниев (од почеток до Жито Вардар), Благој Ѓорев (од почеток до магацинот на ЈКП Дервен) и паркинг просторот кај Основен суд.

Сектор Паркови, покрај редовните работни активности, во текот на денешниот ден работеа на косење на неорганизирано зеленило и трева на дел од ул. Луј Пастер, Димитар Влахов, околу споменикот на Алексо Демниевски – Бауман и во Градскиот парк. Вработените од овој сектор работеа и на чистење на ситни отпадоци со помош на смукалка по патеките на паркот пред училиштето Васил Главинов, паркот пред Гимназијата Кочо Рацин, Младинскиот парк и долж улицата Благој Ѓорев.

Исто така, проверете

06.09.2018

Во склоп на своите редовни работни активности, на ден 06.09.2018 година, Сектор Комунална хигиена, односно …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *