31.08.2018

Во склоп на своите редовни работни активности, на ден 31.08.2018 година, Сектор Комунална хигиена, односно одделението Јавна комунална хигиена изврши метење на следните улици: 8 Септември, Страшо Пинџур, Гоце Делчев, уреден простор Народна кујна, Димитар Влахов, комплекс УЗУС, Браќа Капчеви, Петре Прличко, Борис Трајковски, Мало мовче и кеј на р. Вардар, Лазо Осмаков со дел од Љубљанска, паркинг простор кај бифе скара Пармак, паркинг простор кај Стар мост и ул. Алексо Демниев.

Сектор Паркови, покрај редовните работни активности, во текот на денешниот ден работеа на косење на неорганизирано зеленило и трева долж дел од патот помеѓу н. Шорка и Башино село, долж ул. Васил Главинов, дел од ул. Благој Ѓорев (централно градско подрачје) и ул. АСНОМ.

Исто така, проверете

06.09.2018

Во склоп на своите редовни работни активности, на ден 06.09.2018 година, Сектор Комунална хигиена, односно …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *