10.09.2018

Во склоп на своите редовни работни активности, на ден 10.09.2018 година, Сектор Комунална хигиена, односно одделението Јавна комунална хигиена изврши метење на следните улици: 8 Септември, Страшо Пинџур, Гоце Делчев, уреден простор Народна кујна, Нада Бутникошарева, Благој Ѓорев (од почеток до пат за филтерна станица), паркинг простор кај градски пазар (горен дел), Петре Прличко, Борис Трајковски, Димитар Влахов, кеј на р. Вардар, Алексо Демниев, плоштад Којник, комплекс УЗУС, Борис Трајковски и 11 Октомври.

Сектор Паркови, покрај редовните работни активности, во текот на денешниот ден работеа на косење на неорганизирано зеленило и трева на дел од паркот под Железен мост, кај споменикот на Пуста кула, и во паркот пред гимназијата Кочо Рацин, како и на кроење зимзелени грмушки кај споменикот на Панко Брашнар и жардињерата пред касарната.

Исто така, проверете

05.09.2018

Во склоп на своите редовни работни активности, на ден 05.09.2018 година, Сектор Комунална хигиена, односно …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *