ДОМА / Вести / Скршено дрво во паркот пред Општина Велес

Скршено дрво во паркот пред Општина Велес

Утрово, вработените од ЈКП Дервен, при извршувањето на работните задачи во паркот пред Општина Велес, наидоа на скршено дрво. Дрвото беше насадено минатата година во текот на есента. Со оглед на тоа дека не е прв пат несовесни граѓани да нанесуваат штета на зеленилото во градот, како и на урбаната опрема – нешта што треба да ни служат на сите и да го разубават градот во кој живееме, ги замолуваме уште еднаш граѓаните за повисока свест и одговорност за зачувувањето на животната средина.

Исто така, проверете

Акција за чистење на градот – Светски ден на чистењето 2018

Денеска, 15.09.2018 година, успешно се спроведе акцијата за чистење на Велес во рамките на Светскиот …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *