21.08.2018
Во склоп на своите редовни работни активности, на ден 21.08.2018 година, Сектор Комунална хигиена, односно одделението Јавна комунална хигиена изврши метење на следните улици: 8 Септември, Страшо Пинџур, Гоце Делчев, Илинденска, уреден простор Народна кујна, паркинг простор кај Градски пазар (горен дел), Нада Бутникошарева, Петре Прличко, Димитар Влахов, Алексо Демниев (од почеток до Жито Вардар), Благој Ѓорев (од почеток до магацинот на ЈКП Дервен), Панко Брашнаров и Лазо Осмаков со дел од Љубљанска.
Сектор Паркови, покрај редовните работни активности, во текот на денешниот ден работеа на косење на неорганизирано зеленило и трева на ул. Благој Ѓорев/ Живко Фирфов, во паркот пред Општина Велес и на ул. Борис Трајковски, сечење на неорганизирано зеленило на ул. Андон Шурков, како и кроење на зимзелени грмушки во Градскиот парк.