22.08.2018
Во склоп на своите редовни работни активности, на ден 22.08.2018 година, Сектор Комунална хигиена, односно одделението Јавна комунална хигиена изврши метење на следните улици: 8 Септември, Страшо Пинџур, Гоце Делчев, Илинденска, уреден простор Народна кујна, паркинг простор кај Градски пазар (горен дел), Нада Бутникошарева, Петре Прличко, Димитар Влахов, Алексо Демниев (од почеток до Жито Вардар), Благој Ѓорев (од почеток до магацинот на ЈКП Дервен), Панко Брашнаров, плоштад Којник, Самоборска, Наум Наумовски – Борче со дел од Вардарска, јавни површини на Методија Андонов – Ченто, 11 Октомври, паркинг простор кај Градската библиотека, паркинг простор на ул. Оливер Китановски и пешачки патеки со летниковци на е. Младост.
Сектор Паркови, покрај редовните работни активности, во текот на денешниот ден работеа на косење на неорганизирано зеленило и трева во парк Каршијака, на детското игралиште во Градскиот парк и околу салата Гемиџии, како и кроење на деградирано дрво на ул. Димитар Влахов.