23.08.2018
Во склоп на своите редовни работни активности, на ден 23.08.2018 година, Сектор Комунална хигиена, односно одделението Јавна комунална хигиена изврши метење на следните улици: 8 Септември, Страшо Пинџур, Гоце Делчев, Илинденска, уреден простор Народна кујна, Нада Бутникошарева, Петре Прличко, Димитар Влахов, Алексо Демниев (од почеток до Жито Вардар), мост Гемиџии, Стар мост, ул. Борис Трајковски, Наум Наумовски – Борче со дел од Вардарска, Панко Брашнаров и комплекс УЗУС.
Сектор Паркови, покрај редовните работни активности, во текот на денешниот ден работеа на косење на неорганизирано зеленило и трева во паркот кај Офицерскиот дом, косење и темелно чистење на Младинскиот парк и сечење на деградирани гранки од дрвја на ул. Димитар Влахов.
Градежната група при Одделението за планирање и развој работеше денеска на поправка на фонтана за пиење вода во паркот пред училиштето Васил Главинов, како и поправка и бетонирање на оштетените места на платото на Градскиот пазар.