ДОМА / Вести (Страна 6)

Вести

Вести 18.08.2010

Денеска, на 18.08.2010 година, околу 10.00 часот, поради дефект на електромотор на препумпната станица Р-9 во с. Оризари, настана прекин во водоснабдувањето. Одделот Пумпи и пумпни станици при РЕ Водовод и канализација веднаш започнаа со работни активности за отклонување на дефектот. Очекуваме дефектот да биде отстранет во рок од неколку …

Повеќе »

Вести 18.08.2010

Поради дефект на електро-опрема, вчера, на 17.08.2010 година, настана прекин во водоснабдувањето во текот на вечерните часови на ул. Сараевска, кај оние корисници кои се снабдуваат со вода за пиење од хидрофор. Дефектот е отстранет и водоснабдувањето продолжи по нормален тек. Им се извинуваме на нашите ценети корисници поради непријатноста.

Повеќе »

Активности на РЕ Комунална хигиена

Во пресрет на празникот Св. Великомаченик Пантелејмон, ЈКП Дервен ангажираше работни тимови од РЕ Комунална хигиена, кои интензивно работеа на чистење на пристапните улици до црквата Св. Пантелејмон каде на 09.08.2010 се одржа свечена литургија по повод овој верски празник. Работните активности за отстранување на неорганизирано зеленило и метење траеа …

Повеќе »

Вести 12.07.2010

Од вчера, недела, 11.07.2010, работни тимови од РЕ Комунална хигиена започнаа да чистат дел од отворениот канал на ул. Јордан Хаџи Константинов-Џинот, таканаречен Дервенски поток. Според Работната програма на оваа работна единица, овој канал се чисти четири пати во годината, но оваа акција се спроведува вонредно, поради поројните дождови што …

Повеќе »

Вести 01.07.2010

Во пресрет на Меѓународениот фолклорен фестивал  „Велес“, кој локалната самоуправа го организира и оваа година, ЈКП Дервен деновиве изврши детално чистење и перење на повеќе улици во градот, со што зеде активно учество во подготовките за оваа културна манифестација. Работни тимови на РЕ Комунална хигиена работеа на ул. Марксова, Никола …

Повеќе »

22.06. – РЕ Паркови и зеленило продолжува со косењето на тревниците во градот

РЕ Паркови и зеленило деновиве продолжува со косење на тревата на повеќе локации во градот. Поради обилните дождови тревата брзо расте и работните тимови од оваа единица со полн капацитет работат на одржувањето на зеленилото во градот. Во текот на денешниот ден се косеа тревните површини во Младинскиот парк и …

Повеќе »

22.06.2010 – Работните активности на ЈКП Дервен по невремето продолжуваат

Работни тимови на РЕ Канализација и денеска, на 22ри Јуни продолжуваат со работа на поправка на дефекти предизвикани од невремето што го зафати градот во саботата, на 19.06.2010 година. Откриени се дефекти на ул. Славе Петков, ул. Крале Марко и ул. Браќа Поп Јорданови, каде надојдените атмосферски води поткренале и …

Повеќе »

Работни активности на ЈКП Дервен по поплавите од невремето

По силното невреме што во саботата на 19.06.2010 проследено со силен пороен дожд го зафати градот и нанесе големи штети на подземната водоводна и канализациона инфраструктура, работни тимови на ЈКП Дервен непрекинато работат на отклонување на дефектите и расчистување на градските улици. Во текот на вчерашниот ден, 21.06.2010, до 12 …

Повеќе »

Силно невреме во Велес

По силниот пороен дожд и невреме што во саботата, 20.06.2010 го зафати Велес, улиците во градот беа покриени со земја, кал и шут. Денеска, на 21.06.2010, работни тимови на РЕ Комунална хигиена и РЕ Паркови и зеленило во текот на целиот ден работеа на чистење на најфреквентните улици, рачно и …

Повеќе »

Се чистат градските фонтани

Деновиве завршија работните активности за чистење на фонтаните во градот. Во склоп на работната програма на Одделот Пумпи и пумпни станици при РЕ Водовод и канализација, работниот тим изврши механичко чистење на градските фонтани. Активностите за сезонско перење на резервоарите за вода се во тек, што онаму каде постојат можности …

Повеќе »