Набавени две нови возила за собирање комунален смет

Набавени две нови возила за собирање комунален смет

Со цел да се олесни собирањето на комуналниот смет од потесните градски улици, и потребата да се подобри капацитетот на возниот парк на Секторот Комунална хигиена, ЈКП Дервен набави две помали возила за собирање на смет од марката ИВЕКО Дејли, произведени во 2021 година, со капацитет од 5м3 непресуван отпад. Набавката е во вкупна вредност од 7.552.000 денари (со вклучен ДДВ), од сопствени средства на комуналното претпријатие.