Висината на цените за собирање и транспортирање на комуналниот отпад и комерцијалниот отпад од мали правни субјекти се пресметува за м2 покриен простор и м2 дворна површина и изнесуваат:

  • физички лица/ покриен простор                            1,50 ден/м2
  • физички лица/ дворна површина                          0,20 ден/м2
  • правни лица/ покриен простор                              3,50 ден/м2
  • правни лица/ дворна површина                             0,50 ден/м2

Услугата за собирање и транспортирање на комуналниот отпад и комерцијалниот отпад од мали правни субјекти се врши од страна на ЈКП Дервен два пати неделно.

Одлуката за утврдување на висината на цената за собирање и транспортирање на комуналниот отпад  и индустриски неопасниот отпад на територијата на Општина Велес од 29.10.2010 година и Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за утврдување на висината на цената за собирање и транспортирање на комуналниот отпад  и индустриски неопасниот отпад на територијата на Општина Велес од 29.03.2018 година со подетални информации околу условите за обезбедување на овие услуги можете да ги погледнете овде:

Одлука за цени за собирање на отпад

Одлука за изменување на одлуката за собирање на отпад