23/10/2021

ЈКП Дервен – Велес

Јавно претпријатие за комунални дејности

Управен одбор

            Управниот одбор е орган на управување на Претпријатието кој го именува односно разрешува Советот на Град Велес од редот на афирмирани и познати стручњаци од областа на водоснабдувањето, имајќи ја во предвид соодветната и правична застапеност на припадниците на сите заедници.
Бројот и составот на членовите на Управниот одбор го утврдува Советот на Град Велес со Решение за именување. Мандатот на членовите на Управниот одбор трае 4 години.
Управниот одбор има Претседател кој се избира од редот на членовите а исто така и Заменик Претседател кој се избира исто од редот на членовите.
Претседателот на Управниот одбор ги свикува седниците, се грижи за извршување на актите  на Управниот одбор  и врши и други работи утврдени со Деловникот за работа на Управниот одбор.

Членови на Управен одбор на ЈКП ДЕРВЕН – Велес

1. Александар ЈаковлевскиПретседател
2. Македонка ВасилевскаЗаменик претседател

3. Мартин ЈакимовскиЧлен
4. Дарко ДимовскиЧлен
5. Димитар ВлаиновЧлен

Copyright © All rights reserved ЈКП ДЕРВЕН - ВЕЛЕС 1400 | Newsphere by AF themes.