ДОМА / Вести / Вести 12.07.2010

Вести 12.07.2010

Од вчера, недела, 11.07.2010, работни тимови од РЕ Комунална хигиена започнаа да чистат дел од отворениот канал на ул. Јордан Хаџи Константинов-Џинот, таканаречен Дервенски поток. Според Работната програма на оваа работна единица, овој канал се чисти четири пати во годината, но оваа акција се спроведува вонредно, поради поројните дождови што неодамна го зафатија градот, и донесоа наноси од земја и камења во каналот.

Со оглед на тоа што се работи за активност која е надвор од програмата за работа на РЕ Комунална хигиена, а имајќи ја во предвид и обемноста на редовните работни активности на оваа единица, акцијата за чистење на Дервенскиот поток ќе се спроведува во текот на неколку дена, кога за тоа ќе има време и можности. Затоа, им благодариме на граѓаните од оваа улица за разбирањето. Воедно, ги замолуваме граѓаните во иднина да не исфрлаат смет од домаќинствата и градежен шут во каналот, бидејќи за кратко време по чистењето тој пак ќе се претвори во дива депонија.

Исто така, проверете

УСПЕШНО СПРОВЕДЕНА АКЦИЈАТА ЗА ЧИСТЕЊЕ -2019

Успешно се спроведе акцијата за чистење на животната средина, во која учество зедоа вработени од …

Започна есенското садење на дрвја на јавните зелени површини во градот

По налог на Општина Велес, започна есенското садење на листопадни и зимзелени високорастечки садници на …

Поправен е фотоволтаичниот систем на градската депонија

На градската депонија поправен е фотоволтаичниот систем за производство на електрична енергија, со што повторно …

Свечено пуштен во употреба паркот кај комплекс згради Узус

Во пресрет на 9 Ноември, Денот на ослободувањето на градот Велес, свечено беше пуштен во …

Поставени жардињери со цвеќе на ул. Благој Ѓорев