14/04/2021

ЈКП Дервен – Велес

Јавно претпријатие за комунални дејности

Известување 15.02.2010

1 min read

ЈКП Дервен ги известува своите корисници дека со одлука на Уставниот суд е укината одлуката за висината на цените за собирање и транспортирање на комунален отпад бр. 02-168 од 08.02.2008 година, поради недостаток во постапката за донесување на оспорената одлука. За таа цел претпријатието привремено треба да направи корекција на висината на цената за услугата „Собирање и складирање на комунален смет“. До донесување на новата одлука за цени, ЈКП Дервен ќе наплаќа за оваа услуга по старата, пониска цена.

Ги известуваме сите правни и физички лица дека во јануарските сметки за вода е направена грешка кај ставката „Собирање и складирање на комунален смет“ за дворни површини, односно цената за оваа услуга не беше променета, за што им се извинуваме на корисниците и ги известуваме дека во наредната, февруарска сметка оваа грешка ќе биде корегирана и вишокот пресметан износ ќе биде минусиран од сметката.

Благодариме за разбирањето.

 

Copyright © All rights reserved. | Newsphere by AF themes.