01/08/2021

ЈКП Дервен – Велес

Јавно претпријатие за комунални дејности

Започна пролетното перење на резервоарите

Во рамки на Работната програма на одделот Пумпи и пумпни станици при РЕ Водовод и канализација, на 28.04.2010 започна пролетното перење на резервоарите за вода.

Работните активности започнуваат со резервоарот Р5 кој се наоѓа во месноста Камено брдо. На 28ми и 29ти Април ќе се врши механичко чистење и дезинфекција на овој резервоар. Со оглед на тоа што резервоарот Р5 има две комори за вода, условите дозволуваат тој да се пере постапно, комора по комора, што значи дека граѓаните кои се снабдуваат со вода за пиење од овој резервоар нема да почувствуваат недостаток од вода.

По чистењето на овој резервоар, согласно Работната програма, ќе се продолжи со механичко чистење и дезинфекција и на останатите резервоари и препумпни станици во градот и с. Оризари.

Copyright © All rights reserved ЈКП ДЕРВЕН - ВЕЛЕС 1400 | Newsphere by AF themes.