28/10/2021

ЈКП Дервен – Велес

Јавно претпријатие за комунални дејности

Работни активности на РЕ Паркови и зеленило

Деновиве во Градскиот парк екипи на РЕ Паркови и зеленило работат на отстранување на трупци и гранки од старите, деградирани дрвја што беа пресечени бидејќи претставуваа опасност за шетачите. При оваа активност механички се отстрануваат трупците, по што истите заедно со исушените гранки се товараат во камиони обезбедени од локалната самоуправа на Велес и се одведуваат во магацинскиот простор на ЈКП Дервен.

Copyright © All rights reserved ЈКП ДЕРВЕН - ВЕЛЕС 1400 | Newsphere by AF themes.