14/04/2021

ЈКП Дервен – Велес

Јавно претпријатие за комунални дејности

Продолжува перењето на резервоарите

Одделот Пумпи и пумпни станици при РЕ Водовод и канализација продолжи деновиве со перењето на резервоарите за вода за пиење, во согласност со Работната програма одобрена од Советот на општина Велес. Во тек е перењето на Р 7 – резервоар за вода со хидрофорска станица на ул. Сараевска.

Ги известуваме граѓаните кои се снабдуваат со вода за пиење од овој резервоар дека оваа работна активност нема да влијае на квалитетот на водата за пиење, ниту пак ќе предизвика прекин на водоснабдувањето, со оглед на тоа што резервоарот има две комори за вода и перењето ќе се врши постапно, комора по комора.

Copyright © All rights reserved. | Newsphere by AF themes.