Вести
Косење на зеленилото во градот

РЕ Паркови и зеленило деновиве започна со интензивни работни активности за косење на тревата на повеќе локации во градот. Брзиот раст на тревата е резултат на обилните дождови и високата влажност на воздухот, па вработените од оваа единица работат во две работни смени за да успеат да го задржат уредниот изглед на зелените места во градот.
Во моментов се косат тревните површини по ул. Ленинова и ул. Панко Брашнар, по што отсечениот материјал ќе биде отстранет и однесен на депонија. Потоа акцијата ќе продолжи и на други локации во градот.
За претстојните викенд денови, РЕ Паркови и зеленило планира работни активности на уредување на жардињерата пред гимназијата Кочо Рацин за чија изведба финансиски средства обезбеди локалната самоуправа на општина Велес. Со помош на работниците од РЕ Водовод ќе се постави дренажа, плодна земја и систем за полевање, а жардињерата ќе се украси со нов цветен расад.
Вести
Се обновува фонтаната во Младински парк

Поради значителна оштетеност на фонтаната во Младинскиот парк, а во соработка со Општина Велес, деновиве во тек е изведба на градежни работи за санација на фонтаната, односно обнова на подот, ѕидовите на фонтаната, системот за филтрација на вода и браварски работи. Со ова ќе се обнови фонтаната и ќе се подобри нејзината функционалност. Работните активности се очекува да траат 2-3 седмици.

Вести
АПЕЛ: Плаќајте сметки за комунални услуги електронски

Поради состојбата со Корона вирусот во државата, ЈКП ДЕРВЕН – Велес ги потсетува сите граѓани дека како наши корисници бесплатно може да ги користат он-лајн услугите за: детална проверка на сметките за потрошена вода и електронско плаќање на доспеаните сметки за комуналните услуги.
За да можат да ги користат услугите потребно е да се најават (регистрираат) во системот на www.e-derven.mk. Плаќањето е без провизија, брзо, сигурно и едноставно on-line плаќање.
На овој начин граѓаните ќе избегнат посета на банки, пошти и наплатни центри.
За подетални информации и забелешки можете да не контактирате на:
support@jkp-derven.com.mk или на телефон 043/231-011 локал 134
За да можете да го користите системот за е-наплата потребно е да извршите регистрација и тоа со следните податоци:

Вести
Засадени 440 садници од дрвја на повеќе локации во градот

По налог на Општина Велес, а во рамки на овогодинешното садење на дрвја во град Велес, засадени се 440 листопадни и зимзелени садници од дрвја на повеќе локации во градот: Новоформираниот парк „Узус“, Младински парк, Градски парк, ул. Индустриска, игралиште кај МВР, н. Тунел, ул. Благој Ѓорев, ул. АСНОМ, парк кај Општина Велес, парк кај Автобуска станица и ул. Христо Узунов.