Завршија работните активности за реконструкција на кружниот тек во центарот на градот, кај споменикот на илинденците. Работни тимови на РЕ Паркови и зеленило, РЕ Комунална хигиена и РЕ Водовод и канализација до доцна во ноќта работеа на поставување на систем за наводнување, плодна земја и садење цветен расад, како и расчистување на теренот и негово доведување во првобитна состојба. Овој дел од централното градско подрачје сега претставува вистинско освежување за очите.
Напоредно со овие работни активности, работни тимови на РЕ Паркови и зеленило работат и на косење на разни локации во градот. Во текот на денешниот ден се коси тревата и кастри зеленилото по ул. Алексо Демниев, како и по ул. Благој Ѓорев кај детското игралиште во населба Тунел.