Работни активности на РЕ Комунална хигиена
Во пресрет на годинешната културна манифестација Рацинови средби, РЕ Комунална хигиена работи на повеќе локации во градот на чистење и перење на улиците во градот.
Деновиве се работи на расчистување на теренот околу Спомен костурницата, каде работни тимови на РЕ Паркови и зеленило ја косат тревата и ги кастрат непотребните гранки и зеленило.
Во вечерните часови денеска , како дел од припремите за одржување на Рациновите средби ќе се врши расчистување на теренот позади Библиотеката Бели Мугри каде ќе се собира смет и ќе се отстранува непотребното зеленило. Истовремено работни тимови на РЕ Комунална хигиена ќе извршат детално чистење и перење на улиците во централното градско подрачје, со особено внимание на ул. Владимир Назор, Љубен Весов и Кочо Рацин.