Се чистат градските фонтани

Се чистат градските фонтани

Деновиве завршија работните активности за чистење на фонтаните во градот. Во склоп на работната програма на Одделот Пумпи и пумпни станици при РЕ Водовод и канализација, работниот тим изврши механичко чистење на градските фонтани.

Активностите за сезонско перење на резервоарите за вода се во тек, што онаму каде постојат можности се врши плански со цел овие редовни работни активности да не предизвикаат прекин на водоснабдувањето.